За Весна

Весна дипломира психологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2003 година. Од 2005 година работи како психолог и психодијагностичар во кабинетот за психотерапија „Сега и Овде“.

Својата понатамошна едукација ја продолжува во насока на психотерапијата, во периодот после нејзиното дипломирање, посетува најразлични тренинзи и семинари предводени од домашни и странски психотерапевти и супервизори.

После повеќегодишна работа на себе, едукација и супервизија, во 2011 година се стекнува со сертификат за психодрама – психотерапевт.

Од 2011 година работи како психолог, психотерапевт и психодијагностичар во центарот за психотерапија и едукација – „Амигдала“, воедно работи и како тренер за психодрама кој е задолжен за теоретскиот дел од едукацијата. Соодветно на нејзиното работно искуство и клиничка пракса, во 2014 година ги завршува постдипломските студии од кличичка и советодавна психологија и магистрира на тема: „Психолошка траума кај жени жртви на семејно насилство“.  Истата година почнува со работа како универзитетски асистент на факултетот за психологија при МИТ Универзитет.

Во 2016 година е избрана за член на Управниот одбор на Комората на психолози на Р. Македонија.

Во 2017 успешно ја одбрани својата докторска теза на тема: „Лични и социјални димензии на жени, жртви на семејно насилство во Република Македонија“.

Покрај својата практична дејност во областа на психотерапијата и психолошкото советување, таа работи и како професор на МИТ Универзитет – Факултет за психологија каде ги води предавањата на неколку стручни предмети, а тековно ја има функцијата на декан на Факултетот по психологија.