Сексуално злоставување на деца
Како една табу тема која тивко се провлекува низ многу семејства и низ многу детски животи, па понатаму товарот го носат и како возрасни, сексуалното злоставување за жал е нешто пред кое ретко која личност има храброст да застане со отворени очи. Родителите се ретко информирани за показателите на сексуално злоставувано дете, скоро никогаш не му објаснуваат на детето како да постапи кога би се соочило со злоставувач, најмалку ги знаат последиците од такво злоставување и најтешко од се - најчесто родителот или некој близок на семејтвото (користејќи ја лојалноста и предаденоста) се појавува како злоставувач на детето.
Поттикната од сите овие причини, вклучувајќи го и слабото функционирање на државните институции по ова прашање, прочитај повеќе...
Отворена врска
„Отворена врска“ може да има различно значење за секого. Некои ја разбираат како интимна врска со взаемна љубов, но со обострано согласување за полигамно однесување, односно секој од партнерите може да има друг партнер (или партнери) со кого остварува сексуални односи или пак одржува некаква романтична релација. Од друга страна постојат луѓе кои одржуваат само сексуални односи со повеќе партнери и меѓу нив постои неискажан „договор“ дека таа релација се заснова само на секс и ништо повеќе. Одреден број на млади лица кои стапуваат во брак се одлучуваат на слободен брак или отворен брак каде меѓусебно се ослободуваат од моногамноста и живеат еден нетрадиционален живот во брачна заедница. прочитај повеќе...