Ви посакувам добредојде на мојата страна, мило ми е што го најдовте патот до тука.
Јас сум Весна Блажевска, по професија сум психолог и психотерапевт, а мојата пракса ја обавувам во Скопје, во просториите на Центарот за едукација и психотерапија „Амигдала“. Ја дизајнирав оваа страница за да ги запознаам моите потенцијални клиенти со мојата работа, која сум јас и кој е мојот терапевтски стил. Сакам да одговорам на некои прашања кои може да ве интересираат и да ја изразам мојата верба во моќта на психотерапијата и силата на релацијата помеѓу клиентот и терапевтот.
Потрагата на психотерапевт секогаш е проследено со измешани чувства.
Понекогаш идејата да се обратите на психотерапевт може да ви влее
надеж дека конечно ќе најдете начин да се ослободите од она што ве
тишти, а понекогаш може да почувствувате страв дека психотерапевтот
нема да може да ве разбере, страв дека ќе почувствувате осуда од
околината и дополнителен немир.
Секој од клиентите започнува со психотерапија од најразлични причини.
Тоа може да биде некој специфичен проблем, одреден транзиторен период од животот, животна криза и сл. Некој сака да истражи ги истражи закоравените начини на однесување кои негативно се одразуваат на секојдневното функционирање, а преку тоа и врз квалитетот на нивниот живот. Одредени клиенти едноставно сакаат да си разјаснат одредени емоции, однесување и бараат помош при справување со одреден животен проблем. Во текот на психотерапискиот процес кој јас го нудам ќе добиете поддршка при следнава тематика:
- Препознавање и контролирање на самодеструктивно однесување
• Депресија, ниска самопочит и самодоверба
• Справување со стрес и анксиозност, страв и панични напади
• Ефективно справување со конфликти и гнев
• Зголемување на нивото на самосвесност и разбирање
• Ефективен пристап кон промените во животот преку зголемување на свесноста и довербата
• Надминување на чувствата на вина, срам во однос на сексуалноста
• Справување со ЛГБТ - "coming out"
• Справување со трауматски настани и стравови
• Тагување и опоравување од загуба во минатото или сегашноста (смрт на блиски роднини и пријатели, развод и изгубени социјални врски при развод)
• Прифаќање и почитување на сопственото тело
• Воспоставување на стабилни релации со партнер
• Воспоставување на ефективна релација помеѓу родител и дете
• Родител и ЛГБТ дете
• Опоравувње после злоупотреба, силување, физичко малтретирање
Доколку се соочувате со ваква или слична тематика, тогаш психотерапијата е добар избор за да си помогнете.
Донесувањето на одлука за да побарате помош од
психотерапевт може да биде тешко, но мора да сте свесни дека
барањето професионална помош е знак на храброст, сила и надеж.
Самиот психотераписки процес представува едно внатрешно патување полно со истражување и учење на себе си, сопствените мисли, емоции, однесување, интеракции и физичка состојба. На ова патување, психотерапевтот е Ваш придружник на кого постепено ќе му се доверите. Ќе развивате се подлабоко разбирање за себе си, ќе научите да превземате поголеми ризици преку искусување на нови начини на гледање на светот и луѓето кои ве опкружуваат. Со постепен развој, ќе постигнете мир, среќа и исполнет живот.
ИТАКА