Д-р Весна Алексоска

Психолог и психотерапевт

Добредојдовте во моето психотерапевтско катче – простор за вистина, присутност и трансформација

Ако сте тука, најверојатно нешто во вас веќе знае дека животот може да биде помирен, исполнет и поблиску до она што вие вистински сте.
Јас сум д-р Весна Алексоска, по професија психолог и психотерапевт, а мојата пракса ја обавувам во Скопје, во просториите на Центарот за едукација и психотерапија „Амигдала“.
Ја создадов оваа страница за да ги запознаам моите потенцијални клиенти со мојата работа, која сум јас и кој е мојот терапевтски стил. Сакам да одговорам на некои прашања кои може да ве интересираат и да ја изразам мојата верба во моќта на психотерапијата и, пред се, силата на релацијата помеѓу клиентот и терапевтот.
Мојата приказна и кредибилитет
Не станав терапевт затоа што животот ми беше лесен, туку затоа што морав да одам длабоко во теми што вообичаено не сакаме да ги бираме – траума, загуба, амбивалентна љубов, чувства на вина и повторливи обрасци на однесување што бараат искреност, а не техника.
Тоа не е пат што го учиш само од книги, туку со тело, солзи и молк кој постепено те обликуваат.
Со години учев што значи безбедност, не во теорија, туку во секојдневен живот каде што телото конечно престанува да очекува опасност.
Научив дека љубовта без граници не е љубов, дека тишината не е мир, и дека вистинската терапија бара храброст од двете страни.
Верувам дека промената не се случува кога ќе научиме нешто ново, туку кога конечно ќе се почувствуваме задоволно со себе и пред се безбедно да бидеме тоа што сме.
Моја цел е да создадам простор каде што човек не мора да биде „доволно добар“,
„снаодлив“ или „среден“ — туку вистински, присутен, виден и прифатен.
Мојот кредибилитет не доаѓа само од дипломите, туку од личниот пат – од длабоката
работа на сопствените тешкотии, приврзаности и граници.
Во мојот пристап нема шаблони. Ќе работиме длабоко, со присутност, интегритет и хумор кога животот станува премногу сериозен.
Ако бараш терапевт кој нема да те „поправа“, туку ќе оди со тебе додека се враќаш дома кај себе – тогаш, добредојде.
Зошто да побарате психотерапија
Потрагата по психотерапевт секогаш е проследена со измешани чувства. Понекогаш идејата да се обратите на психотерапевт може да ви влее надеж дека конечно ќе најдете начин да се ослободите од она што ве тишти, а понекогаш може да почувствувате страв дека психотерапевтот нема да може да ве разбере, или дека ќе почувствувате осуда од околината и дополнителен немир.
Секој од клиентите започнува со психотерапија од најразлични причини: специфичен проблем, транзиторен период од животот, животна криза или желба за личен раст и самопознавање.
Со што можеме да работиме

Во текот на психотерапискиот процес ќе добиете поддршка при следнава тематика:

  • Препознавање и промена на обрасци што ве повредуваат – начини на размислување или однесување што ве враќаат во болка, вина или самосаботажа.
  • Депресивни состојби и хронична тага – зајакнување на самопочитта и повторно будење на животната енергија.
  • Анксиозност, паника и немир – разбирање на длабоките корени на стравот и создавање телесен и емоционален мир.
  • Работа со гневот и конфликтите – учење како гневот може да стане глас на автентичноста, а не на самообвинување или напад.
  • Продлабочување на самосвесноста – разбирање на внатрешните делови, мотиви и несвесни динамики што го водат секојдневието.
  • Навигирање низ животни промени – премини, кризи, нови почетоци и процес на доверба во себе кога ништo не е сигурно.
  • Вина, срам и сексуалност – враќање на достоинството и задоволството како дел од здрава човечност.
  • Поддршка при процес на „coming out“ и ЛГБТ идентитет – создавање простор каде идентитетот не е прашање на осуда, туку на прифаќање.
  • Работа со траума и стравови – безбедно обработување на искуства што го прекинале чувството на сигурност и доверба.
  • Тагување и интеграција на загуба – кога смрт, развод или прекин ја менуваат мапата на вашиот живот.
  • Поддршка при развод – помош во процесот на одвикнување од старата динамика, враќање на личниот интегритет и создавање нова стабилност, особено кога постојат деца или сложени емоционални врски.
  • Однос со сопственото тело – развивање на почит, присутност и чувство дека телото не е непријател, туку сојузник.
  • Интимни релации – градење стабилни, нежни и зрели партнерства, без потреба од самозаштита или контрола.
  • Релација родител–дете – создавање свесна врска во која љубовта и границите одат заедно.
  • Поддршка за родители на ЛГБТ деца – разбирање, прифаќање и раст со вашето дете низ процесот.
  • Опоравување по злоупотреба, насилство или силување – враќање на контролата, достоинството и вербата дека безбедноста е можно.

Ако се соочувате со ваква или слична тематика, психотерапијата е добар избор за да си помогнете.

Како изгледа работата со мене
  • Присутност и внимание – на секоја сесија целосно сум присутна со тебе, со цел да те чујам и двајцата да разбереме што се случува во телото и умот.
  • Без осуда, со почит – овде нема правилни или погрешни чувства, нема „срамота“; само слободен простор каде може да бидеш искрен/а со себе.
  • Работа со тело и емоции – не сме ограничени само на зборови; гледаме како телото носи пораки и ги интегрираме емоциите.
  • Темпо по твоја мерка – не брзаме; твојот ритам одредува кога ќе се отвораат сложени теми или ќе се истражуваат длабоки чувства.
  • Практични инструменти и нови перспективи – и покрај тоа што процесот е длабок и емоционален, ќе добиеш и конкретни техники за справување со стрес, анксиозност, конфликти и одлуки.
  • Безбедност и доверба – целта е да создадеме стабилност, безбедна средина во која можеш да ризикуваш, да експериментираш со нови начини на размислување и да се видиш себеси појасно.
  • Рефлексија и интеграција – по сесијата ќе имаш простор да ги почувствуваш, размислиш и интегрираш новите сознанија во секојдневието. Вистинската терапија се случува надвор од сеансата.
  • Хумор и човечка топлина – работата не е само сериозна и тешка; смеењето, леснотијата и човечката поврзаност се дел од процесот кој заеднички го содаваме.

Ако почувствуваш дека е време за подлабока промена, би ми било чест да те придружувам на овој пат.

Експертиза на која можеш да и веруваш

Индивидуална терапија

Терапија за парови

Групна терапија

Блог

Како изгледа деструктивниот срам

Го губите контактот со сопствената вредност, дури и кога сте успешни. Тешко прифаќате пофалби или љубов – ви изгледаат незаслужени. Постојано се извинувате, дури и кога не сте виновни. Одбивате поддршка, затоа што се плашите дека ако ве запознаат навистина, ќе ве...

Психотерапијата не е за совршени луѓе

Психотерапијата не е за совршени луѓе

Таа е за храбри луѓе кои се спремни да ги слушнат своите чувства, да се поврзат со себе и да бидат присутни.За оние кои знаат дека вистинската промена почнува кога ќе се соочат со своите стравови, со несигурностите и со длабочините што ги носат со себе.За оние кои...

Границите не се ѕидови

Границите не се ѕидови

Често се случува да се изгубиме во очекувањата на другите. Да кажеме „да“ кога сакаме да кажеме „не“, да трпиме нешто што ни го празни телото и душата. Границите не се ѕидови, не се казна за другите — тие се начин да се грижиме за себе и за својата емоционална...

Простувањето не те прави зрела

Простувањето не те прави зрела

Простувањето не е должност.Не е доказ дека си зрел или продуховен.Не е начин да ја изгасиш болката побрзо. Често простуваме прерано,не затоа што разбираме или сме спремни, туку затоа што не сакаме да чувствуваме што навистина боли. Вистината прво боли.Има лутина.Има...

Кога логиката веќе не тe спасува

Кога логиката веќе не тe спасува

Кога логиката веќе не тe спасува, а секој совет ти звучи како уште една рана, тоа е знак дека ти треба простор.Простор во кој можеш да бидеш расфрлан, збунет, лут, тажен и сѐ што има помеѓу ова, без да мораш да се објаснуваш. Можеби ти треба едно безбедно место каде...