Го губите контактот со сопствената вредност, дури и кога сте успешни.

Тешко прифаќате пофалби или љубов – ви изгледаат незаслужени.

Постојано се извинувате, дури и кога не сте виновни.

Одбивате поддршка, затоа што се плашите дека ако ве запознаат навистина, ќе ве отфрлат.

Зошто поддршката е важна

Срамот најсилно расте во тишина. Сè што не смееме да кажеме, нè држи во заложништво. Но, кога зборуваме во безбедна, прифатлива терапевтска средина, нешто се менува – она што било скриено почнува да дише и воедно ја губи моќта.