Психотерапија и советување
Што да очекувате од психотерапијата
Првата средба
Закажувањето на првата средба се прави со заеднички договор. Секоја средба трае по 60 минути. Најдобро е првите две средби да бидат насочени на меѓусебно запознавање – терапевтот да добие представа зошто сте одлучиле да го посетите, а вие да имате сопствен увид и доживување дали тој би можел да ви помогне во однос на вашата проблематика.
Односот кој заеднички ќе го изградите како психотерапевт и клиент е многу важен за вашиот понатамошен развој и справување со она што се соочувате во вашиот живот.
Во оваа рана фаза на терапискиот процес заедно ќе дискутирате околу вашите очекувања за она што сакате да го добиете од средбите. Понатамошните средби се одржуваат обично на секои 7 до 10 дена, но не сте обврзани да ја следите таа динамика, туку вие сами може да одредите колку често ќе се среќавате со вашиот терапевт. Ви сугерирам доколку многу скоро се ближат празници како на пример Нова Година, Божиќ, Велигден, да не започнувате со терапија затоа што не е во ред да останувате без поддршка од психотерапевтот кога веќе сте започнале да се отварате во однос на Вашите потешкотии.
Започнувањето на психотерапија може да биде стресно затоа што треба да запознаете некого во услови кои за вас се непознати, а во исто време треба да зборувате за теми кои ви предизвикуваат вознемиреност, тага, страв и слично.
Можеби почетокот ќе биде малку комплексен и да ви предизвикува одредена доза на напнатост, но ве охрабрувам да поразговарате со терапевтот за овие чувства бидејќи тоа ќе помогне во растеретување од напнатоста, а во исто време може да научите многу за темите кои ве загрижуваат.
Траење на процесот на психотерапија
Многу е тешко да се одговори колку ќе трае психотерапискиот процес. Доколку доаѓате со конкретен проблем за кој барате можно решение можеби ќе се потребни неколку средби во период од два-три месеци. Кога проблематиката со која се соочувате е комплексна, длабока и предизвикува збунетост кај вас тогаш процесот на психотерапија трае подолг период. Генерално, некои потешки теми може да траат навистина долг период од месеци и години, но сепак тоа е многу индивидуално. После одреден број средби клиентите може да чувствуваат дека „коцките се наместиле“, но подоцна имаат чувство дека тоа се случило на површно ниво. Често пати се враќаат на старите научени начини на функционирање, а тие се истите начини поради кои дошле на психотерапија. Потребно е време за да се зацврстат промените кои се случуваат во тек на психотерапискиот процес во кој клиентот ќе научи дека „се чувствувам“ е различно од „размислувам“, а преку тоа се случува внатрешниот развој на личноста и се менува однесувањето кое е создава проблеми во секојдневното функционирање.
Она што треба да го знаете за психотерапијата
Иако лично сум убедена дека секој поединец може да има голем бенефит од психотерапискиот процес, психотерапијата нема да ви помогне доколку не сакате да дојаѓате на сеансите.
Иако е нечија сугестија, најважно е самостојно да ја донесете одлуката за да закажете средба. Секогаш е најдобро клиентот лично да се јавуви за закажување на средбите. Често пати поради загриженст, родителите или партнерот е иницијатор за барање помош од професионалец во момент кога клиентот воопшто не е спремен за психотерапија. Доколку се чувствувате присилени да доаѓате на сеансите, слободно изразете како се чувствувате, терапевтот е тука за вас, да ви помогне да се соочите полесно со тешкотиите и да градите взаемен однос на доверба. Во овој случај ќе имате и надлежност и компетентност самостојно да одлучите дали сакате да одите на психотерапија.
Кога ќе започнете со процес на психотерапија треба да знаете дека само по себе психотерапијата нема да донесе волшебни решенија.
Психотерапијата е начин да си помогнете себе си. Во тек на тој процес ќе се појават периоди каде ќе треба да донесувате одлуки за вас, вашиот живот и да превземете одговорност за промените кои ќе настанат како резултат на вашето посетување на психотерапевт. Тука важи онаа кинеска поговорка која гласи: „Дај му на човек риба, ќе го нахраниш за еден ден, но ако го научиш да лови риба, ќе го нахраниш за цел живот“. Целта на психотерапијата е да научите начини преку кои ефективно ќе се справувате со животот, да ја подигне вашата самосвест, да ве оспособи да го живеете животот со полн капацитет.
Во процесот на психотерапија нема секогаш да се чувствувате убаво.
Можеби ќе ви звучи парадоксално, но често пати ќе се соочувате со непријатни содржини и чувства кои некогаш сте ги потиснале. Во одреден период тие непријатни емоции може и да ве преплавуваат и ќе се прашувате дали сте на вистински пат. Непријатните емоции кои се доживуваат во тек на терапискиот процес добар се знак дека се соочувате со вистинските содржини кои ви создаваат проблеми. За да биде успешна психотерапијата ќе мора да имате желба за да се промените, да сте љубопитни за вашиот внатрешен свет, да откриете што е она што ве мотивира, но и да успеете да толерирате одредено ниво на фрустрација. Овде „паѓа во вода“ погрешниот став дека психотерапија им треба само на „слабаци“, напротив, психотерапијата бара многу храброст, енергија и напор од личноста за да се постигнат сакани резултати.
Психотерапијата не личи на разговорот кој го водите со пријателите или роднините.
Често пати се соочуваме со реченицата „јас сум поглем психолог од психологот, не мораш да платиш некој да те слуша“, но вистината е дека плаќате за да ве слуша некој кој има далеку поголеми способности од тоа само да слуша, некој кој има клиничка објективност и тука е за да ви помогне да постигнете баланс во вашиот живот и да се чувствувате добро со себе си. Она што ќе го делите со вашиот терапевт останува во строга тајност која терапевтот ви ја гарантира на самиот почеток на терапијата. Како ќе ја го градите односот со психотерапевтот, ќе ја јакнете довербата во него и ќе сфатите дека можете да добиете многу поддршка, разбирање и прифаќање за сето она што ќе го споделите со него. Психотерапијата може да ја сфатите како договор преку кој ќе правите промни во вашиот живот, а пред се во вашиот внатрешен свет, начин на размислување, дејствување и соочување со себе и околината. Психотерапевтот е тука да ви помогне да ја направите таа промена преку неговата стручност, емпатија, лични карактеристики и грижа за вас. Тој поминува долгогодишна едукација во која се обучува и остручува да ве слуша, разбере, да идентификува, користи најразлични методи и техники за работа, анализира и пронаоѓа најсоодветен начин да ви посочи на она што ви создава проблеми.
Трауматска врска и токсични врски
Трауматска врска и токсични врски – разбирање на зависноста од хаос и љубов во болка Трауматската врска и токсичните врски се емоционални односи во кои љубовта и болката се испреплетуваат на начин...
Промени и неизвесност
Промени и неизвесност – градење стабилност во движење Промените и неизвесноста се природни делови од животот, но честопати предизвикуваат чувство на страв, загуба на контрола и несигурност. Во...
Нарцисистичка злоупотреба во врска
Нарцисистичка злоупотреба во врска – препознавање, заштита и закрепнување Врската со лице со нарцисоидни црти често започнува како сон од кој не сакате да се разбудите — полна со љубовна еуфорија,...
Кога детството боли
Кога детството боли: патот кон сопствена слобода и мир Ако сте израснале во дом каде љубовта и стравот се мешале, можеби и денес носите внатрешна борба – помеѓу желбата за мир и навиката да се...
Однос со родителите
Однос со родителите – прифаќање, дистанца и реален контакт Односот со родителите е една од најсуштинските, но и најсложените врски што секој од нас ги носи низ животот. Тоа е врска која ни дава...
Осаменост и припадност
Осаменост и чувство на припадност – помеѓу тишината и копнежот за поврзаност Осаменоста и припадноста се две длабоки човечки потреби кои често се испреплетуваат, а понекогаш се судираат. Понекогаш...
Загуба и жалење
Загуба и жалење – љубов која бара нова форма Загубата никогаш не значи крај на љубовта. Таа е длабок и честопати тивок процес на трансформација во љубов што продолжува да живее, но во нова, различна...
Срам и вина
Срам и вина: кога внатрешниот критичар зборува погласно од срцето Срамот и вината се чувства што сите ги познаваме. Тие се дел од човечкото искуство – гласови што некогаш нè потсетуваат да бидеме...
Граници и личен интегритет
Граници и личен интегритет: како да кажеш „не“ без вина и да го заштитиш своето „да“ Поставувањето граници не е оддалечување од луѓето – тоа е начин да останеме поврзани без да се изгубиме себеси....
Траума – длабоката рана што ја носиме со себе
Траума – длабоката рана што ја носиме со себе Траумата не е само непријатен спомен или болна приказна од минатото. Таа е длабока рана што оставила траен отпечаток во вашиот внатрешен свет, во...
Совладување на перфекционизмот
Совладување на перфекционизмот: од бескрајно „морам“ кон длабоко „доволна сум“ Перфекционизмот често изгледа како сила – како стремеж кон најдоброто, дисциплина, стандарди и успех. Но зад таа фасада...
Автентичност
Автентичност – да се вратиш кон себе и да живееш со искреност "Животот што навистина го сакаш не е лесен, но е твој." Автентичноста не е само убав концепт, туку начин на живеење – избор да бидеш...
Корпоративна програма за ментално здравје и организациска култура
Корпоративна програма за ментално здравје и организациска култура Ментално здрави тимови создаваат одржливи компании Во секоја организација, луѓето се нејзиниот највреден ресурс.Но за да бидат...
Интимни врски и трауматска поврзаност со партнерот
Интимни врски и трауматска поврзаност со партнерот Интимните релации понекогаш создаваат силни и длабоки емоционални врски што можат да бидат и болни и збунувачки. Оваа комбинација понекогаш ја...
Семејни динамики и родителство
Семејни динамики и родителство Семејството е првиот и најмоќен систем каде што учиме за љубов, доверба, конфликти и решавање проблеми. Климатот во семејството создава темел за емоционален и психички...