Кога логиката веќе не тe спасува, а секој совет ти звучи како уште една рана, тоа е знак дека ти треба простор.
Простор во кој можеш да бидеш расфрлан, збунет, лут, тажен и сѐ што има помеѓу ова, без да мораш да се објаснуваш. Можеби ти треба едно безбедно место каде хаосот на емоциите – болката, гневот, загубата, предавството – полека почнува да добива форма и смисла.

Психотерапија е за храбрите што имаат доволно сила да погледнат во сопствената бура, да останат во неа и да научат нешто од нејзините ветрови. Таа е пат кон разбирање, кон себе, кон учење како да продолжиш за да го вратиш сопствениот мир.

Тоа е место каде учиш да дишеш среде бранови, да ги препознаеш старите рани и полека, чекор по чекор, да пловиш низ минатото без да се давиш во него и конечно да имаш простор да се свртиш кон иднината што ја градиш.