Таа е за храбри луѓе кои се спремни да ги слушнат своите чувства, да се поврзат со себе и да бидат присутни.
За оние кои знаат дека вистинската промена почнува кога ќе се соочат со своите стравови, со несигурностите и со длабочините што ги носат со себе.
За оние кои сакаат да ја почувствуваат својата внатрешна сила, да се ослободат од маските и очекувањата на другите, и да се научат да бидат нежни и трпеливи кон себе.
Психотерапијата е простор каде што секое чувство има своја вредност, каде што секоја мисла може да се изрази без осуда, и каде што почнува вистинската трансформација кон присутност и автентичност.